Во Велес претставени кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за локалните избори

Од:

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ синоќа во Велес на конвенција ги претстави кандидатот за градоначалник Славчо Чадиев и листата на советници.

Чадиев кој е и актуелен градоначалник на Општина Велес, се заблагодари за довербата за кандидирање за уште еден мандат на претстојните локални избори.

– Големо задоволство е да се биде кандидат за градоначалник на Велес, градот во кој сум роден и во кој го поминав целиот свој работен век, основав семејство и професионална кариера, градот во кој имам многу другари и пријатели. Голема е честа да се добие можноста за втор мандат, истакна Чадиев.

Осврнувајќи се на сработеното, рече дека реализирал над 270 проекти.

– Ја изградивме Индустриската зона Караслари, отворивме нови фабрики, ја изградивме инфраструктурата, вложивме многу во образованието, во спортот, културата, го отворивме новиот театар. Сето тоа е доказ дека неуморно работиме за подобрување на животот на граѓаните, потенцира Чадиев.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ има нова програма, за подобар живот.

– Во изминатата програма имавме 117 проекти од кои реализиравме 87 проценти, а во новата имаме 148 со кои ќе придонесеме за поголем економски и општествен развој. Ќе продолжиме со економски развој на индустриските зони Мамутчево и Речани два, ќе изградиме затворен градски пазар, пешачки мост со кој ќе ја поврземе населбата Речани со центарот на Велес, ќе ја одделиме атмосферската од фекалната канализација, ќе изградиме и прочистителна станица за отпадни води,…, најави Чадиев.

И актуелниот претседател на Совет на Општина Велес и носител на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ Александар Колев се заблагодари за укажаната доверба.

– За мене тоа е голема гордост и благодарност, но и голема обврска која ветувам дека нема да ја изневерам, истакна Колев и потенцира дека ова не се обични локални избори, туку избори на кои граѓаните се ставени пред предизвикот да кажат во каков Велес сакаат да живеат.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Градоначалник на Брвеница ќе се избира на 18 октомври, Гаши ја потпиша одлуката

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите