Во Велес на улица пронајдена мртва 71-годишна жена

Од:

Жител на Велес рано утрово пријавил дека на улица лежи почината жена. Жената била пронајдена како лежи на улица „Вера Циривири“ во месноста Потокот на левата страна од Велес.

Како што информира Верољуб Додевски, портпаролот на СВР Велес, при вршење на увид од страна на полицијата било констатирано дека станува збор за 71-годишната Н.Џ. од Велес.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство. Телото било предадено на обдукција во Институтот за судска медицина во Скопје.

Би можело да ве интересира

Син нападна мајка во Велес

А1он

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on

Пожар кај Автобуската станица во Велес зафати шест возила, интервенираа пожарникарите

Приведени двајца малолетници во Неготино, проголтале бела грутчеста материја кога наишла полиција

Двајца измамници измамиле велешанка за околу 5.000 евра и се обиделе да измамат уште 10 други повозрасни лица

Горан Наумовски

Одрон на патот кон Велес – возилата се пропуштаат наизменично

Горан Наумовски