Во Велес младите го одбележаа Денот на пролетта и Ден на екологијата

Од:

Во организација на Еколошкото друштво „Вила Зора“, а со подршка од Советот на млади при Општина Велес и Општина Велес денеска на плоштадот С’рмаале во Велес, со учество на голем број основци и средношколци како и дечињата од градинките беше одржана традиционалната еко манифестација.

На истата беа испратени бројни еколошки пораки, а дел од учесниците возеа и велосипед низ главната градска улица до Младинскиот парк. Со тоа воедно упатија порака наместо автомобили почесто да возат велосипед, како еден од алтернативните превозни средства за граѓаните, до почиста животна средина и поздрав живот.

Најмалите – децата од градинките и основците на паноа носеа испишани еколошки пораки како: „Сакаме да живееме во чиста животна средина“, „Не загадувајте ни ја животната средина“ и слично, а своите пораки од овој еко собир јавно ги испратија до возрасните и им порачаа да им овозможат живот и иднина во почиста животна средина.

Филип Стојкоски од Советот на млади рече дека главната цел на манифестацијата која се одржува традиционална повеќе од десет години ,а кон која тие од Советот на млади се приклучија втора година, има цел да ја разбуди еколошката свест кај младите.

-Ние младите на Велес и денеска упативме бројни еколошки пораки, дека сакаме да живееме во чиста животна средина, а нашето мото е „Живеј во чиста природа, за здрав живот“, порача Стојкоски.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов