Во Велес 12 новозаболени од Ковид-19, бројката се искачи на вкупно 55 лица

Од:

Во Велес во изминатото деноноќие се регистрирани нови 12 заболени од Ковид-19 со што бројката на заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 55, информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Како што појаснуваат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес, станува збор за четири лица поврзани со веќе постоечки кластер кои се наоѓаат на лекување на Инфективното одделение во Општата болница во Велес; четири лица се  членови на семејство на лице вработено во трговска дејност; две лица вработени во трговскиот сектор и две лица вработени во Центарот за јавно здравје – Велес.

Поради новонастанатата ситуација ве известуваме дека пунктот на Центарот за јавно здравје – Велес нема да работи во вторник (21 април 2020г.) поради тестирање на можните контакти со инфицираните вработени во центарот. По утврдување на фактичката состојба јавноста благовремено ќе биде информирана за продолжувањето на активностите на Центарот,информираат од ЈЗУ Центар за јавно здравје Велес.

Инаку на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа Болница во Велес како што информира за МИА,портпаролот д-р. Весна Неделковска Николова моментално има 19 пациенти од кои 16 се потврдени случаи на Ковид-19, а за тројца се чекаат резултати.

Денеска едно лице кое оздравело е пуштено дома, со што бројката на излекувани кои лежеле на Инфективното одделение во Велес од почетокот на епидемијата до денес е тројца.

Д-р Неделковска Николова информира дека еден пациент младо момче на 30 – тина години поради влошување на здравствената состојба денеска е препратен на  Инфективната клиника во Скопје.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он

Уапсена жената која ограби починат човек во Велес

Орце Костов