Во третиот квартал природниот прираст негативен, починати се 23 доенчиња

Од:

Природниот прираст во земјава во третото тримесечје од годинава е негативен. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2020 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 5,2 отсто и изнесува 5.141 живородени деца, додека бројот на умрените лица бележи зголемување од 15,3 отсто во споредба со истото тримесечје од 2019 година и изнесува 5.419 лицa, а од нив 23 се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен, -278 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 12,9 отсто во споредба со истиот период од 2019 година и изнесува 3 768 бракови, а зголемен број е регистриан кај разведените бракови за 8,5 отсто, однсно во ова тримсечје се добиени 357 извештаи за разведени бракови.

Би можело да ве интересира

Бројот на работниците во индустријата намален за 2,9 проценти во септември

Продолжува негативниот прираст – 1.005 помалку родени од умрени во второто тримесечје

Во 2025 година никнале 911 дивоградби

Катерина Ѓуровски

Негативен природен прираст во 66 општини во земјава

Инфалцијата во март е 4,9 %

Намален бројот на работници во индустријата