Во Tетовско за десет месеци 232 казни за некористење сигурносни појаси, 361 за зборување на мобилен при возење

Од:

Евиденцијата на тетовската полиција покажува дека заклучно со 31 октомври годинава, на поширокото тетовско подрачје изречени се вкупно 232 мерки на исто толку возачи и совозачи кои некористеле сигурносни појаси во возила.

За сите на кои им се изречени мерки, изготвени им се соодветни поднесоци, додека паричната глоба за овој вид прекршок, согласно член 23 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата изнесува 40 евра во денарска противвредност, а за совозач глобата е 50 евра.

– Секторот за внатрешни работи Тетово со уште едно потсетување на возачите дека некористењето на сигурносни појаси, не само што претставува законски прекршок, туку најдиректно ја доведува во ризик нивната и безбедноста на другите во возилото односно сопатниците, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

СВР Тетово со апел до возачите, исто така, додека ги управуваат возилата да се воздржат, односно да не користат мобилни телефони, кои во голема мерка им го одвлекуваат вниманието.

– За десет месеци од оваа година на тетовските простори санкционирани се 361 возач кои возејќи користеле мобилни телефони, изјави Јосифоски.

Тие ќе се соочат со парични глоби од 40 евра во денарска протиивредност согласно член 24 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Петардите не се играчка, оставаат последици и строго се забранети, предупредува МВР

Прекршочна постапка против градоначалникот на Струга за неупотреба на државното знаме

Систем „Безбеден град“: Излезот кон Тетово и Пластичарска – најризични делници во главниот град

А1он

Пријава за Џејла Рамовиќ, настапувала без дозвола во клуб во кичевско

Државјанин на БиХ со хрватски „мерцедес“ возеше над 207 км на час на пат во Србија

А1он

Тело на мртов маж од Тетово е пројдено во семејното возило, полицијата истражува дали е убиство или самоубиство

Горан Наумовски