Во Тетовско полицијата утврдила 20 прекршоци кај моторциклисти

Од:

Дваесет прекршоци кај моторциклистите утврдиле трите полициски контроли спроведени овој викенд на улиците и патиштата во Тетово и Тетовско, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски.

Според неговите податоци најмногу случаи и тоа седум се за неносење заштитен шлем – кацига, пет прекршоци биле за нерегистрирани мотори, а во три случаи моторциклистите управувале без дозвола. Во два случаи биле регистрирани моторцикли со истечена регистрација, исто толку управувале со несоодветна кетагорија и по еден случај на давање моторцикл на друго лице и необновена лиценца.

– Сите овие прекршоци се санкционирани со 14  платни налози, 6 покани за наплата на глоба и една писмена опомена. Ваквите контроли на моторциклистите интезивно ќе продолжат и следниот период бидејќи е зголемен нивниот број по патиштата во Тетовско, особено во градот. Минатиот месец имаше и неколку тешки сообраќајни несреќи во кои учесници беа моторциклисти, рече Јосифовски.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари