Во тетовско Ново Село откриена нелегална обложувалница

Од:

Еден објект во кој нелегално се приредувале игри на среќа, односно  работел како спортска обложувалница бил откриен во Ново Село два, општина Боговиње  при вчерашната акциска контрола на полицијата во содејство со Управата за јавни приходи, информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски. Акциската контрола е дел од континуираните активности за откривање, спречување и законско санкционирање на нелегално работење на спортски обложувалници во Полог.

Во објект во тетовско Ново Село два сопственост на Џ.М.(44) од ова село пронајдена е различна опрема која се користела за нелегално приредување игри на среќа без потребната лиценца. Од објектот со потврда одземени се 2 телевизори, 2 печатачи, читач баркод, компјутер, монитор и тастатура. Поради приредување игри на среќа спротивно на членот 156 од Законот за игри на среќа сопственикот на објектот ќе се соочи со поднесок, изјави Јосифовски.

Тој посочи дека во селото бил контролиран уште еден друг објект, но во него не била пронајдена опрема за приредување игри на среќа.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари