Во Тетово приведено лице за разбојништва

Од:

Тетовската полиција го приведе Ш.Ш.(37) од село Нераште како осомничен за две разбојништва што се обидел да ги изврши во текот на вчерашниот ден.

Како што информира портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, првиот настан се случил околу 21 часот откако Ш.Ш со синџир ја нападнал 60 годишната У.С. пред влезот на нејзиниот двор на улицата „Иво Лола Рибар“. Почнал да ја удира по рацете и телото за да и ја земе чантата, но таа му се спротиставила и почнала да вика помош.

Кога разбојникот успеал да и ја одземе чантата, дошол нејзиниот сосед П.М. (29). Тој, пак, ја одзел чантата од Ш.Ш. кој избегал во непознат правец. Нешто подоцна, околу 22 часот, Ш.Ш. влетал во аптеката „Бле медика“ на улицата „29 ноември“, ја нападнал и ја истуркал вработената Н.К.(46) од Тетово во помошната просторија каде што немало камери со цел да ги одземе парите од касата. Таа успеала да го активира алармот по што разбојникот бил совладан од обезбедувачи.

Во неговите џебови биле пронајден околу 15 илјади денари додека расфрални околу него имало уште 33 илјади денари.

Според Јосифовски, Ш.Ш. е затвореник кој за време на викендите кога излегувал од затвор вршел повеќе кражби и разбојништва. По расчистувањето на последните две разбојништва, како и на евентуалните други случаи, против него ќе биде поднесена пријава.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари