Во Тетово одбележан Денот на народното востание

Од:

Со полагање цвеќе пред споменикот на револуцијата во центарот на Тетово од страна на повеќе здруженија, партии и други организации, денеска беше одбележан  11 Октомври – Денот на народното востание.

Пред споменикот се поклонија делегациите од Сојузот на борците од Тетово, нивните соборци од косовската општина Штрпце, од општина Тетово, здруженијата на пензионери, тетовскиот гарнизон на Армијата на Република Македонија, општинските ограноци на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ВМРО-НП,  организацијата на резервните воени старешини, здруженијата на ветераните од одбраната и безбедноста и Достоинство, како и претставниците на тетовскиот огранок на српската заедница во Македонија и Македонско-хрватското друштво од Тетово.

Членот на претседателството на Сојузот на борци од Тетово, Милица Ивановска во својот говор пред присутните направи историски осврт за НОВ и нејзината важност за денешна Македонија.

– Ова е светол ден кога на 11 Октомври 1941 година македонскиот народ се вклучи во борбата и на дело го покажа својот непокор и желбата за ослободување од фашистичкото зло. Народот на Македонија пред 72 години заедно Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми и други решително застанаа во борбата против фашистичкиот окупатор и домашните предавници, рече Ивановска.

Присутните уште еднаш го актуелизираа проблемот со бистите на народните херои Тодор Ципоски Мерџан и Ѓоце Стојчески Амбарче, кои се  уште не се поставени кај споменикот на револуцијата во Тетово. Пред пет години тие беа остранети од градскиот плоштад поради неговата обнова. Од тогаш не се вратени. Од Сојузот на борци побарале локалната самоуправа да дозволи сега да бидат поставени до споменикот на револуцијата, но засега оттаму нема одговор.

Би можело да ве интересира

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Тошковски потврди дека советник назначен од него бил отстранет од Тетово – бара Внатрешна контрола да утврди зошто

Анита Петровска Рајковиќ

Полицајци кои не се контролирани од ДУИ да го напуштат штабот – „Вреди“ обвини дека началникот на Тетово го избркал советникот на министерот

Запалени две диви депонии во тетовско

Од возило во движење пукано кон куќа во Тетово, нема повредени

Синдикатот бара повеќе кадар во Клиничка болница Тетово, недостигаат 400 вработени

Орце Костов