Во Тетово ноќеска фатени 29 пијани возачи

Од:

Во регионот на Тетово полицијата ноќеска фатила и исклучила од сообраќај 29 пијани возачи соопштува Министерството за внатрешни работи. Двајца ќе платат казна од 500 евра, останатите се со казни од 225 до 325 евра. На сите времено ќе им бидат одземени дозволите.

– Ноќеска (04/05.12.2021) полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол.Во контролата биле откриени и сакнционирани вкупно 29 пијани возачи (ТЕ-23 и ГВ-6).Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај, изготвени им се законски предвидените поднесоци и ќе се соочат со парични глоби од 225 до 325 евра во денарска противвредност, а двајца возачи кои одбиле алкотестирање (ТЕ) со глоба од 500 евра.Покрај тоа, на сите им претстои и мерка времено одземање на возачките дозволи од 3 до 12 месеци, се вели во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он