Во Тетово четири прекршувања на полицискиот час, пет предупредувања за неносење маски

Од:

Четири лица ќе се соочат со полициски пријави за „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“ според член 206 од Кривичниот законик, информираше денеска СВР Тетово.

– Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на Секторот за внатрешни работи Тетово за периодот (6-7 мај), по однос на забраната за движење, евидентирано е дека на ова подрачје четири лицa не ја почитувалe забраната за движење, лишени се од слобода и ќе следуваат соодветни поднесоци. Писмено предупредени за неносење заштни маски биле пет лица, информираат од тетовската полиција.

СВР Тетово евидентира дека во изминатото деноноќие на 10 лица им се изготвени решенија за изолација од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, додека изјави за самоизолација потпишало едно лице.

Во овој период контролирани се 119 лица со решeнија и 30 лица со потпишани изјави за самоизолација.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Тетово: 10-годишно дете падна од тераса, телото на момчето е однесено на обдукција

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван во Тетово и Гостивар

32-годишна жена од Тетово плати 3.000 евра за измислена работна виза

Горан Наумовски

ВИДЕО: Дојава за бомба во тетовската гимназија „Кирил Пејчиновиќ“

Свлечишта на Шапка и во тетовско, потпорен ѕид падна врз куќа – 200 поплавени куќи во Форино

Горан Наумовски

Мртво бебе е донесено во Ургентниот центар во Тетово