Во текот на ноќта поинтензивни врнежи на снег

Од:

Времето во целата земја денеска е облачно, студено и ветровито, насекаде со врнежи од снег и температури под нулата.

Според информацијата на УХМР најмногу снег има на Попова Шапка 44 сантиметри, 13 Маврови Анови, девет Претор, седум Охрид, шест Битола, пет Пожаране, четири Штип.

Температурата според мерењата на УХМР се движела од -14 Попова Шапка, -12 Маврово, -8 Берово, -6 Прилеп, Крива Паланка, -5 Охрид, Тетово, Штип, -4 Скопје, Битола, -3 Демир Капија, -2 Струмица, Гевгелија до нула во Претор.

Во текот на ноќта ќе се интензивираат врнежите на снег особено во југозападните и западните делови. До утре насекаде ќе се формира снежна покривка, во источните делови до 10 см, а на запад меѓу 20 и 30 см. На планините на северозапад постоечката снежна покривка ќе се зголеми за нови 20 до 30 см снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Утре времето ќе биде облачно со врнежи од снег, пообилни претпладне особено во јужните делови. Снежната покривка насекаде дополнително ќе се зголеми. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -11 до -5, а максималната и утре насекаде ќе се задржи негативна и ќе биде во интервал од -8 до -2 степена.

Во Скопје облачно, времето претпладне и околу пладне ќе биде со врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу -8, а максималната ќе достигне -4 степени.

Од понеделник времето ќе биде стабилно и студено. Утринските температури до среда во најголем дел од земјава ќе бидат под -10, а на места и под -15 степени. Дневните температури генерално ќе се задржат под нулата. Во овие денови ќе има опасност од голомразица. Од четврток следува постепено затоплување.

Би можело да ве интересира

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд во Крива Паланка

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица

Снег на повеќе патни правци, укината забраната за камиони на Пресека

На Алјаска падна повеќе од 2,6 метри снег, се урнаа покриви на згради

Слаб снег на Попова Шапка, Маврово, Плетвар и Ѓавато

Студен бран во Македонија и дел од регионот

А1он