Во ТЦ Табановце префрлени 237 мигранти кои беа на граничната линија со Србија

Од:

Координаторот на Транзитниот центар Табановце Горан Стојановски денеска соопшти дека 237 мигранти од Сирија и Ирак, кои повеќе од три недели се наоѓаа на граничната линија помеѓу Македонија и Србија, вчера се префрлиле во Транзитниот центар.

Од нив, 42-ца изразиле желба да заминат во Тразнитниот центар Винојуг, така што, посочи тој, оваа група со воз се префрлени кон Гевгелија, а оние кои останале во Транзиниот Центар Табановце се сместени во монтажни објекти и шатори.

Во центарот на Табановце остануваат 1038 мигранти, информира раководителот Стојановски.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод