Во ТЦ Табановце има 933 мигранти

Од:

 Во Транзитниот центар Табновце во овој момент во има 933 мигранти и 362 мигранти се уште се наоѓаат на граничниот камен помеѓу Македонија и Србија, соопшти Горан Стојановски, координатор на ТЦ Табановце.

Дел од мигрантите се недоволно  информирани и очекуваат границата веднаш да се отвори и да го продолжат патот кон северните земји. Надлежните од Центарот додаваат дека ќе се преземат напори да им се објасни одлуката и полека да започне процесот на враќање на овие лица во центарот. Сместените во Центарот, пак, недоволно се заинтересирани да заминат во тразнитниот центар во Гевгелија.

– Само двајца пројавија интерес да се вратат кон Гевгелија, нема расположение, овде се чуствуваат добро со сета понудена содржина на овој транзитен центар, но тоа не значи дека така ќе биде. После овие одлуки од страна на ЕУ и со Турција договорот, секако дека органите и телата на Владата на Македонија кои се задолжени за спроведување на кризната состојба ќе заседаваат и ќе донесат соодветни одлуки, ваква ситуација каква што е сега во Табановце, не може да се издржи понатаму, и верувам дека ќе нема пролоногирање и дека ќе има заземено соодветен став и одлука која ние ќе ја почитуваме, изјави Стојановски. Тој верува дека барем половина од овие луѓе ќе се префрлат во центарот во Гевгелија.

Инаку, денеска РЦУК во својот дневен билтен пренесе информација дека регистрирани се дополнителни два нови случаја на заболени лица од шуга во транзитниот центар Табановце.

Би можело да ве интересира

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски