Во светниколоското село Кнежје град уништи 200 хектари земјоделски култури

Од:

Градот им го уништи родот на земјоделците од светиниколското село Кнежје. Земјоделецот Чедо Костадиновски вели дека вчера доцна попладнето градот им го уништил родот на околу 200 хектари земјоделски површини.

– Дињите, бостанот, лозјето, гравот и тутунот оштетени се до 100 отсто. Житарицата е оштетена од 60 до 70 отсто, и е по земја. Прво сушата, па сега и градот ни го уништи родот, вели Костадиновски.

Во светиниколското село Кнежје жителите егизистираат само од земјоделство и сточарство. Бараат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формираат комисии и да излезат на терен, со цел да се утврдат штетите од градот, кој го зафати овој атар во светниколскиот регион.

Би можело да ве интересира

Невремето направи штети во светиниколско

Катерина Ѓуровски

Кривична за поранешен градоначалник на Свети Николе

Маж кој се претставувал како полициски инспектор сакал да измами седум семејства од Свети Николе

Горан Наумовски

Пожар во Свети Николе, изгореа два објекта

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе

Министерството за живтна средина му ги одзеде ингеренциите на градоначалникот на Свети Николе за депонијата кај Мечкуевци