Невремето направи штети во светиниколско

Од:

Невремето што го зафати вчера регионот на Свети Николе предизвика штети, особено кај село Кадрифакоово.

ЦУК соопшти дека преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се добиени пријави за настанати штети. Од поројниот дожд и големата количина вода поплавен е надвозникот кај с.Кадрифаково, а на регионалниот пат Штип – Свети Николе имало насобрано големо количество гранки, ѓубре, наноси од кал и песок. Има и оштетување на патот од поројната вода, при што е направено голема дупка.

На самото место се испратени екипи од полицијата, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта, пожарникарите од ТППЕ Свети Николе, како и од ЦУК, а последиците од невремето се расчистени.

На 112 е добиена и пријава од гром во Неготино, што предизвикал прекин на електричната енергија на улица „Пано Калајџиски“ и околината. Пријавени се оштетувања на апарати во домаќинството. Екипи на „ЕВН Македонија“ веднаш реагирале и го отстраниле дефектот.

ЦУК информира и за четири пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие. Пожари имало спроти касарната Прилеп (горела ниска вегетација), во Струмица – на вливот на брана „Водоча“ (горела борова шума), во Валандово кај Анска Река на месноста „Мичкин Мост“ (горела ниска вегетација) и кај Млекара Тетово (каде што горела ниска вегетација).

Би можело да ве интересира

Невремето откорна тенда од ресторан во Тетово, тешко повредена е 29-годишна жена

Горан Наумовски

Нестабилност проследена со пороен дожд, засилен ветер, грмежи и град попладнево зафати повеќе делови од земјава

(ВИДЕО) Силно невреме во Австрија, бурата и градот уништија згради и возила, улиците се претворија во реки

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Паднати дрвја, поплави и сообраќајни пречки на неколку локации во Скопје

Горан Наумовски

Скопје го зафати невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и интензивна појава на град

Горан Наумовски