Во судот се изведуваат писмени докази за настаните од 27 април

Од:

Со получасовно задоцнување во кривичниот суд утрово продолжи судењето за настаните од 27 април.

На почетокот од судското рочиште, обвинителката Вилма Рускоска повлече дел од предложените писмени докази.

Меѓу нив беа наредбата за вештачење на телефонот на ослободената од кривичен прогон на пратеничката Жаклина Пешевска, цедеа од крим техника чија содржина веќе била изведена порано, цедето со препознавањето од новинар како и доставениот акт за одземени предмети од обвинетиот Михаил Младеновски.

Предметот е во фаза на доказна постапка. По сите докази предложени од Обвинителството, судот ќе ги изведува доказите на одбраната на обвинетите. За случајот обвинети се 33 лица за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, од кои двајца како помагачи.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски