Во Струмица се урива незаконски поставената урбана опрема и на објекти подигнати на јавни површини

Од:

Во Струмица денеска почна уривањето на бесправно поставената урбана опрема и на објекти кои биле подигнати на јавни површини. Акцијата почна со уривање на објекти на Плоштадот „Гоце Делчев“ и долж струмичкото корзо на улицата „Благој Мучето“. Уривањето го врши механизација на ЈПКД „Комуналец“ со засилено полициско обезбедување.

Според кусата информација од Општинскиот инспекторат, денеска истекувал законскиот рок кој бил даден на сопствениците сами и на свој трошок да ги отстранат бесправно подигнатите објекти.

Инаку, на 21 март годинава градоначалникот Костадинов издаде наредба до сите општински инспектори да извршат вонредна темелна контрола на сите угостителски објекти во Струмица, а завчера објави дека сите угостители се согласиле и прифатиле да ги отстранат неправилностите кои ги констатираа инспекторите и доброволно да го ослободат плоштадот.

Според него, ваквото решение е најдобро и за граѓаните и за угостителите, а како градоначалник ќе бил прв кој ќе застанел зад иницијатива за измени на Законот за градење, каде на разумен и рационален начин ќе се вградат потребите на угостителите, но и ќе се зачува јавниот интерес на сите граѓани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите