Во Струмица само едно основно училиште почна настава со физичко присуство на сите ученици

Од:

Само во Основното училиште „Гоце Делчев“ во село Вељуса, општина Струмица, денеска почна учебната година со физичко присуство на сите ученици од прво до деветто одделение, додека во останатите основни училишта настава се организира за учениците од прво до трето одделение, а струмичките средношколци ќе имаат онлајн настава, информираше градоначалникот Коста Јаневски.

За четврто и петто одделение согласнот за реализирање на настава со физичко присуство имаат добиено 12 подрачни училишта од вкупно 14, а делумна согласнот има добиено Музичкото училиште „Боро Џони“, кое ќе изведува индивидуална практична настава со физичко присуство, со согласнот од родителите на учениците и со почитување на протоколите, а теоретската настава ќе биде учење од далечина.

– И покрај фактот што помал дел од учениците ќе ја следат наставата со физичко присуство, а поголемиот дел онлајн, треба да бидеме задоволни што нештата полека но сигурно се враќаат во каква-таква нормала. Според сите податоци и извршени увиди во основните и средните училишта во општина Струмица, констатирно е дека во училиштата се превземени сите потребни мерки и активности предвидени со донесените протоколи за работа, рече градоначалникот Јаневски, кој денеска присуствуваше на почетокот на учебната година во основното училите во село Дабиле.

Во деветте основни училишта во општина Струмица во прво одделение во новата учебна година се запишани вкупно 573 ученици, додека вкупниот број запишани ученици од прво до деветто одделение изнесува 4.994.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите