Во Струмица протест против ковид мерките

Од:

Под мотото „Слобода и правда” граѓаните од Струмица кои се против ковид мерките денеска повторно излегоа на протестен караван со патнички возила и вклучени сирени.

Тие побараа укинување на актуелните здравствени мерки, кои за нив се недемократски и неуставни и го ограничуваат правото на движење. Велат дека не се против вакцинацијата, но таа да не биде обврзувачка.

– Мерките за справување со здравствената ситуација во земјата ги оценуваме како недемократски и сегрегирачки. Ние сметаме и веруваме дека секој треба да има право на избор и нагласуваме дека не сме против вакцинацијата, туку секој да има право на свој избор, рече Лидија Панова, овластено лице на Здружението на граѓани „Слобода и правда”.

Информираа дека во иднина ќе делуваат како регистрирано здружение и ќе работат на подигање на свеста на граѓаните за човековите слободи и права, за нивната примена и за нивното остварување по институционален пат, а протестите ќе ги организирале сè додека има мерки против Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски