Во Струмица одбележана годишнината од загинувањето на Гоце Делчев

Од:

Пред споменикот на Гоце Делчев во Струмица со пригодна програма и полагање цвеќе беше одбележана 115 годишнината од неговото загинување.

За животот и делото на апостолот на македонското револуционерно движење зборуваше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.

– Долг е списокот од револуционерни имиња и презимиња кои ја задолжиле татковината со своето дело, но се чини дека името на Гоце Делчев го заслужи самиот врв. Неговата кратка, но исклучително богата животна патека, е исполнета со бројни револуционерни стории, кои оставиле неизбришливи траги во македонското минато, за да имаат и свои рефлексии и во македонската сегашност. Токму затоа, животот и делото на Гоце Делчев треба да бидат сочувани во нашата колективна меморија и да се пренесуваат од колено на колено, на сите идни генерации кои ќе се родат на ова наше македонско тло, рече градоначалникот Јаневски.

Рецитатори од Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица рецитираа револуционерна поезија, а цвеќе пред споменикот на Делчев положија претставници на локалната самоуправа, институции, политичи партии и граѓани.

Би можело да ве интересира

Јанков: Масовно излезете на 19 октомври и заокружете го бројот 9 за историска победа во Струмица

Пијанманова: Време е за нови, борбени луѓе во советот

Манасиевски: Паниката на СДС во Струмица расте, тепачи и насилници на нивните листи се последниот обид за спас

Манасиевски: СДС во Струмица губи, силеџии на листи кои тепаат луѓе по улица стана брендингот на СДС за овие избори

Николоски: Огромна победа во Струмица! Енергија за голема промена

Филипче: Имаме одличен кандидат во Струмица, Марјан Даскаловски е со визија