Во Струмица ќе се прошируваат капацитетите за сместување во детските градинки

Од:

Недостигот од прoстор за сместување во детските градинки во Струмица е алармантен и треба под итно да се решава.

Ваков заклучок донесе Советот на општина Струмица на денешната 14 седница, на која на на дневен ред беа дури 46 точки, но најголемо внимание членовите на Советот посветија на решавањето на проблемот со недоволниот капацитет за сместување на деца во градинките.

Според претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски, капацитетот на објектите за сместување на децата е 590, а во моментот во детските градинки во Струмица се згрижени повеќе од 1.200 деца.

– Има големо расположение кај Министерството за труд и социјална политика да ни помогнат и веќе издвоија средства за адаптација на градинки во населените места Куклиш, Муртино и Просениково, а во 2019 година во програмата на МТСП ќе биде планирано изградба на нова градинка во општина Струмица или проширување и адаптација на постоечките објекти, истакна претседателот на Советот на општина Струмица, Марјан Даскаловски.

Советниците го прифатија предлогот на претседателот Даскаловски 50 илјади швајцарски франци-грант кои се наменети за Советот да бидат распоредни во буџетот за проширување на сместувачките капацитети на градинките.

Советот на општина Струмица ја разгледа информацијата за изградба на канализациски системи во населените места.

Вчера почна изградбата на канализација во селото Дабиле, денеска во Просениково, а понатаму и во селото Вељуса, како и во останатите населени меса во општина Струмица.

Советниците ги усвоија и годишните планови и извештаи за работа на предучилишните, основните и средните училишта во општина Струмица.

Би можело да ве интересира

Тепачка во Струмица, еден маж користел секира, полицијата уапси еден од насилниците, вториот е во бегство

13 години од големиот пожар над Струмица во кој загинаа четири лица

Почина човек во изгорен стан во зграда во Струмица

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Изборот на Мартин Костовски за кандидат за градоначалник е доказ дека Заев сеуште владее со СДС

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

АХВ лажела за водата во Струмица, Костадинов најави кривична пријава

Предраг Петровиќ