Во Струга се дебатира за предизвицте на албанската геодезија

Од:

Mинистерот за животна средина и просторно планирање на Република Македонија Абдилаќим Адеми денеска ја отвори работилницата на тема „Предизвици на албанската геодезија на национално ниво“ што се одржува во хотелот „Дрим “ во Струга.

Тој истакна дека следењето на состојбите со просторот и нивното менаџирање е мошне значајно и потребно и претставува една од основните вредности на современото општество.

– Геодезијата е таа која нуди конкретни и практични решенија за прибирање, обработка и презентирање на просторни податои со примена на современи технолошки, методолошки и стандардизирани нивоа на работа. Таа денес не претставува само мерење на терен со високо софистициран инструмент, ЏПС или тотална станица, туку е мултидисциплинарна наука која просторниот податок го прибира и анализира и преку современата технологија на воздушна опсервација го обработува, анализира и презентира со современи ГИС технологии, рече Адеми.

Според него, геодезијата обезбедува реална слика за просторот преку ажуриран податок и токму затоа отвара нови можности за работење и стопанисување, пред се, како што подвлече, за носење ефикасни одлуки за управување и контрола на животната средина.

– Од тој аспект, неопходно е следење на современите движења и размена на информациите во правец на унапредување и развивање на оваа област, размена на информации за иновации во однос на геодетските инструменти и современи софтверски алатки, како информации кои се корисни, не само за младите геодети, туку воопшто и за целата геодетска и научна фела, додаде министерот Адеми.

Во рамки на работилницита во Струга ќе се презентираат научни и професионални трудови, ќе се промовира книгата за Карл Гега на албански јазик и ќе се емитува документарен филм за неговиот живот и дело.

Паралелно со ова, ќе се одржи и професионална работилница за идните геодети до 30-годишна возраст за искористување на современата технологија за извршување на геодетски работи. На настанот што се одржува со поддршка на Амбасадата на Австрија во Македонија, присуствува австрискиот амбасадор Томас Баер, новиот градоначалник на Струга Зијадин Села, како и видни гости од професионалната и научната албанска фела.

Би можело да ве интересира

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

Опожарена трска на струшкото крајбрежје

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

Едукативна кампања на Центарот за одржлив развој „Алка“ за зачувување на животната средина

Орце Костов

Во Струга пронајдена почината жена