А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Стразбур оспорени овластувањата на македонската собраниска делегација

by А1он27/01/2020 - 16:2528/01/2020 - 08:42713
Share0

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации како на Шведска, Швајцарија меѓу кои и на Северна Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите, јавува дописникот на МИА.

Следете a1on на Instagram Instagram

Собранието на Северна Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата.

Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја во однос на составот на македонското собрание.

Ова барање за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја овластувањата се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.

Следете a1on на Youtube YouTube

Тоа значи дека се до одлуката на ПССЕ, нашите парламентарци ќе можат да заседваат во ПССЕ, но не ќе можат да гласаат.

Инаку на почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател.

Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи, белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.

sobraniestrazbur

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Горан Наумовски26/10/2026 - 14:13

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 12:2319/10/2026 - 14:17

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он14/10/2026 - 20:33

Истрага: Хрватска европратеничка ги доведе пријателите во Стразбур и потроши над 1.000 евра за вечера во елитни ресторани

А1он08/10/2026 - 14:46

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 13:04

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски09/09/2026 - 12:1009/09/2026 - 12:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео