Во Стокхолм уапсен Дејан Давидовски, обвинет за настаните од 27 април

Од:

На аеродром во Стокхолм е уапсен Дејан Давидовски, кого македонските власти го бараат по потерница од Интерпол за настаните во Собранието од 27 април, потврдија за МИА од Јавното обвинителство.

Давидовски е уапсен на аеродромот во главниот град на Шведска, каде пристигнувал од Софија.

Во земјава веќе се преведуваат докази со кои ќе се бара негова екстрадиција, а тој бил уапсен на 7 април.

Давидовски бил во групата маскирани лица, кои упаднаа во Собранието и против него е покренато обвинение за сторено кривично дело по член „313“ од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски