Во српски камион откриени 29 мигранти

Од:

При полициска контрола на товарно моторно возило „ивеко“ со српска национална ознака, управувано од Н.Т.(23) од Република Србија, вчера околу 7:30 часот се пронајдени 29 мигранти.

Како што информира МВР, контролата е извршена на стариот пат Удово-Демир Капија, во близина на крстосницата за село Клисура. Четири од пронајдените мигранти се од Пакистан, а 25 од Авганистан.

– Лицата се приведени во полициската станица Неготино, а против српскиот државјанин е поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено криивчно дело „криумчарење мигранти“. Од страна на судија за претходна постапка, му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Хрватска – пет мигранти се удавија во реката Купа

А1он

(ВИДЕО) Шпанската полиција со гумени куршуми и пендреци ги отстранува мигрантите од плажите во Сеута

Предраг Петровиќ

ЕУ подготвува построги правила за азил и побрза депортација на мигранти по кризата во Сеута

Трамп со жестока порака за Шпанија: „Имате нула контрола врз границите“

Шпанските разузнавачи тврдат: Мароко го организирал масовниот упад во Сеута

Тунис: Телата на 19 мигранти пронајдени по потонувањето на брод