Во Скопје пристигна нова група од 149 граѓани од Авганистан

Од:

Нова група од 149 граѓани од Авганистан пристигна доцна синоќа на Меѓународниот аеродром во Скопје. Како што информираат од владината прес-служба, станува збор за стипендисти на Фондациите Отворено општество и граѓани кои работеле во меѓународните мисии за развој на демократијата во Авганистан, како и членови на нивните семејства.

Граѓаните ќе бидат привремено сместени во Скопје додека не се обезбеди трансфер до нивната крајна дестинација, додека трошоците во целост се покриени од меѓународните организации.

-По слетувањето доцна синоќа беше спроведена стандардна процедура, безбедносна проверка и заштита, медицинска поддршка, ПЦР тест и можност за вакцина. Црвениот крст им подели хигиенски пакети и облека, а дополнително и за лицата кои претходно пристигнаа во Северна Македонија, Црениот крст дистрибуираше дополнителни средства за хигиена, зимска облека и обувки, се вели во соопштението.

Република Северна Македонија, се вели во соопштението од владината прес-служба, останува посветена како дел од меѓународната хуманитарна акција за помош на граѓани од Авганистан кои во изминатиов период работеа на подобрување на човековите права, демократијата и мирот и досега во земјава на привремен престој пристигнаа вкупно 450 граѓани на Авганистан.

Би можело да ве интересира

Уште 68 Авганистаници добија привремено сместување во земјава

Канада обезбеди престој за нова група авганистански граѓани кои беа згрижени во Македонија

А1он

Уште 35 авганистански граѓани отпатуваа од Македонија кон нивната трајна дестинација

Ана Ололовска

39 граѓани на Авганистан од Македонија заминаа за Канада

Ана Ололовска

Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани

А1он

Спасени четворица авганистански новинари, С. Македонија им обезбеди привремен престој

Ана Ололовска