Во Скопје изминатото деноноќие 12 сообраќајки

Од:

На подрачјето на Град Скопје изминатото деноноќие се случиле 12 сообраќајки од кои четири со последица материјална штета и осум со последица телесна повреда.

Со полесни повреди се здобиле тројца возачи на патнички возила, тројца сопатници, петмина пешаци и двајца патници во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, случена е уште една незгода со мала материјална штета во која што е пополнет Европскиот извештај.

Санкционирани се петмина возачи без возачка дозвола и 20 возачи кои не носеле безбедносен појас или користеле мобилен телефон за време на возењето.

За денес е најавено и одржување на сообраќајна поука во Полициската станица за општа надлежност во Гази Баба на која ќе присуствуваат возачи кои непрописно се престроиле пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на возењето, како и возачи коишто не го почитувале ограничувањето на брзината на движење.

Во рамки на сообраќајно воспитните акции денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе реализира едукативни работилници во училиштето „Наим Фрашери“ во Студеничани.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Какви се казните од „Безбеден град“: Поминување на црвено 250 евра и забрана за управување возило до 12 месеци

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Семејно насилство во Скопје: 39-годишен маж ја нападна сопругата и својата мајка