Во штипскиот регион се чистат речните корита

Од:

Општина Штип и градежната компанија „Бетон“ – Штип завршуваат со чистењето на речното корито на реката Брегалница.

Раководителот на Одделението за инспекциски надзор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиев на денешната прес-конференција информираше дека над четири километри од коритото на реката Брегалница се исчистени, отстранети се паднати дрвја, а на одредени места извршена е и регулација на реката согласно планот, но и законската обврска која ја имаат, со цел да не се поплавуваат населби и земјоделски површини.

-Од речното корито на Брегалница градежните машини се селат на реката Лакавица. Таму ќе бидат исчистени околу 400 метри на преминот меѓу селото Лакавица и селото Пухче, каде што во иднина општината има намера да изгради премин, цеваст пропуст на реката, а преку кој без проблеми ќе се движат жителите на двете села, вели Ѓорѓиев.

Чистењето на речните корита е поддржано од Министерството за локална самоуправа, кое на општината и доделува нафта за градежните машини кои ги чистат коритата, а оваа година Општина Штип дополнително за оваа акција издвои еден милион денар.

Ѓорѓиев смета дека чистењето на коритата на реките се покажа како успешно, бидејќи на оние места каде што е исчистено корито нема излевање на реките.

Би можело да ве интересира

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му

Зарков не се сеќава дека си ја уби својата мајка, пресудата ќе ја дознае за четири дена

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски