Во штипскиот регион два дена нема позитивни на Ковид-19, вкупно излекувани седум пациенти

Од:

Тројца пациенти од Штип денеска влегуваат во бројката на излекувани во земјава. Добра вест е што од 31 заразени со коронавирус во штипскиот регион и официјално се излекувани седум, со што во проценти би изнесувало 22.

Штип веќе втор ден нема позитивни на коронавирус. Од 24 штипјани кои се уште се лекуваат шестмина се здравствени работници, по двајца лекари, медицински сестри и болничари. Три медицински сестри од одделението за Ортопедија кои минатата недела беа изолирани по негативните тестови се враќат на своите работни места, а еден болничар останува во самоизолација. Досега само една жена на 80 години ја загуби битката со вирусот.

Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека на Инфективно одделение се лекуваат девет пациенти, од кои двајца се од Штип, а останатите се од Кочани. Негативни се тестовите и за петмината пациенти кои се водеа како сомнителни случаи, но поради респираторни проблеми се задржани на одделението и состојбата им се следи. Во моментов имаат примено и еден пациент за кого резултатите се чекаат дали е позитивен на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он

Стојанче Зарков од Штип осуден на доживотен затвор за убиството на мајка му