Во Штип наскоро ќе се плаќа паркирањето во центарот на градот

Од:

Штипското претпријатие „Стипион 2011“ се подготвува од 1 јуни да почне  наплатата на паркинг местата на улицата „Ванчо Прче“ во центарот на градот.

Директорот на ЈП „Стипион 2011“ вели дека останува уште да ги добијат подвижните материјали и да се одредат локации, каде што граѓаните ќе можат да ги купуваат билетите.

– Сметам дека до 1 јуни ќе бидеме подготвени за старотот на наплатата на паркинг местата на улицата „Ванчо Прќе“. Паркинг местата се обележани, а шест вработени од претпријатието ќе ја извршуваат наплатата, но и контролата, рече Јовев.

Тој додаде дека околу 60 жители и фирми на улицата „Ванчо Прќе“ веќе пиоднеле барање за месечно или годишно резервирање на паркинг простор за нивните автомобили. Цената за паркирање во центарот на Штип ќе изнесува 25 денари за еден час, но ќе има попусти за месечните и годишни билети.

Би можело да ве интересира

Во штипскиот Основен суд продолжи судењето против Денис Асанов за убиство

Ѓорѓиевски: Сите резиденти на Аеродром ќе може да паркираат на сите зони во општината без надоместок

Обвинетиот за убиството во Штип негира вина, рочиштето одложено за 18 март

(ВИДЕО) Голем пожар зафати познат ресторан во Штип

Обвинетиот Денис Асанов негира вина за убиството на 79-годишна жена

По 5 години затвор за тројцата турски државјани кои помагаа во убиство во Штип

А1он