Во Штип извршена ждрепката за бесплатно плакатирање

Од:

Општина Штип денеска го изврши ждребувањето за бесплатно лепење политички плакати на местата каде што се означени.

Според Соња Китанова од Одделението за комунални дејности во Општина Штип, на ждребувањето беа присутни претставници на коалицијата предводена од СДСМ и од независната советничка листа, чиј носител е Раман Демиров.

– Претставниците си избраа бројче, меѓу еден, три, пет и седум, бидејќи има четири прифатени кандидаури. Извлекувањето една бројка значи користење две места. Групата избирачи предводена од Раман Демиров го излече местото број три што значи дека ќе го користат местото број три и четири, а коалцијата предводена од СДСМ бројот седум, што значи ќе ги користи местата седум и осум, објасни Китанова.

Прашана дали и коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ и Левица можат да достават дополнително барање за да го искористат бесплатното лепење плакати, Китанова истакна дека можат да се обратат во општината и да добијат простор.

По завршување на изборната кампања учесниците се должни да ги отстранат плакатите во рок од 30 дена.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето ја оштети ортопедијата во Штип, пациентите со скршеници ќе се препраќаат во други болници

Гори борова шума над филтер-станицата кај Штип

А1он

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски