Во Штип бесплатен курс по француски јазик

Од:

Заврши пријавувањето за бесплатниот курс по француски јазик, информираше денеска Соња Манева од Универзитетската библиотека „Гоце Делчев“-Штип.

Манева соопшти дека до денеска за изчување на францускиот јазик се пријавиле 30 штипјани на различна возраст, а бесплатниот курс ќе се реализира во просториите на библиотеката.

– Бесплатниот курс по француски јазик е дел од проектот „Француски учиме, македонски читаме, културно развиваме и спојуваме“ од областа на европските интеграции. Курсот ќе почне на 10 мај и ќе трае до 10 јуни. На крајот учесниците ќе добијат сертификат за изучување основно ниво на француски јазик, рече Манева.

Бесплатните курсеви по француски јазик ќе ги реализираат двајца наставници. Манева истакна дека на крајот од летото ќе се одржи и книжевено-музички перформанс на француски јазик.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он