Во село Праленик, Центар Жупа девер физички нападнал снаа од брат

Од:

Полициската статистика на дебарското одделение за внатрешни работи, во последното деноноќие регистриран несекојдневен настан за ова подрачје.

Во селото Праленик општина Центар Жупа, девер физички ја нападнал снаата од братот, што е прв ваков случај во ова подрачје.

– Вчера во селото Праленик-општина Центар Жупа, Е.Ј. (26) физички ја нападнал неговата 22-годишна снаа од брат. Против напаѓачот, ОВР Дебар ќе поднесе соодветна пријава, изјави Стефан Димоски портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Тој информираше и околу почитувањето на мерката за носење заштитна маска и ограниченото движење од 22:00 до 5 часот наутро.

– Продолжуваат зајакнатите контроли од страна на полициските службеници во однос на почитувањето на мерката за носење заштитна маска, како и ограниченото движење. Во изминатото деноноќие, на подрачјето на ОВР Дебар, кое со својата активност ја покрива двете општини, полициските службеници констатирале 11 прекршоци за неносење лична заштита на лицето, за што им се издадени прекршочни платни налози, рече Димоски.

Овој месец на ова подрачје издадени се вкупно 177 прекршочни платни налози за неносење заштитна маска, додека од воведувањето на полицискиот час, регистрирани се четири прекршувања за што се поднесени и соодветни пријави.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски