Во рамките на „Денови на иселениците“ во Гостивар се одржа шаховски турнир

Од:

На симболичен начин, со повлекување на првиот потег од страна на градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, вчера на градскиот плоштад во Гостивар свечено беше отворен шаховскиот турнир организиран во рамките на манифестацијата „Добредојдовте иселеници“.

„Една од многуте културни и спортски активности организирани во рамките на манифестацијата Денови на иселениците е денешниот шаховски турнир. Општина Гостивар ја поддржува оваа интелигентна игра. Се надевам дека денес ќе имаме многу силни мечеви и нека победи најдобриот“, истака градоначалникот Арбен Таравари.

Додека, пак, претседателот на Шаховскиот клубот “Гостивар”, Ахмет Салмани, информираше дека на овој турнир учествуваат 26 натпреварувачи. Некои од нив се членови на клубот, некои се лица кои ја следат шаховската школа, како и други граѓани кои се пријавиле за учество на турнирот, од кои дел се иселеници.

Турнирот се одржа во формат 7 кола, со темпо 5 минути плус 2 секунди.

Прво место го зазеде Узеир Бајрами со 6 освоени поени од вкупно 7 можни, второто место му припадна на Саит Зибери со 5,5 поени, а третото на Васко Јовановски со 5 освоени поени.

Првите три места беа наградени со пехар, а третото и четвртото место со медали. Наградите ги врачи Бесим Догани, раководител на Канцеларијата за имплементација на проекти при Општина Гостивар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нови случаи на заболени во Гостивар, има и реинфекции: СДСМ обвинува дека власта пет недели нема решение

СДСМ: Пет недели гостиварци се мачат без вода, бадијала ветувањата на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Мали Фрчко да го пријави Филипче – 400 испитувања покажале неисправна вода во Гостивар, а тоа се криело

СДСМ поднесе кривична пријава против Клековски, Андоновска, Лазов и Амети за случајот со водата во Гостивар

(ВИДЕО) Поповиќ: Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност, Савески не сака да реагира

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар повеќе од четири недели е без чиста вода, Владата молчи

Горан Наумовски