Во ПССЕ се гласа за избор на судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права

Од:

Во Парламентарното собрание на Советот на Европа започна гласањето за избор на судија од Република Македонија во Европскиот суд за човекови права, јави  дописникот на МИА од Стразбур.

Парламентарците од 47 земји членки на Советот на Европа се повикани со гласачо ливче до 17 часот да изберат меѓу Наташа Габер-Дамјановска, Јован Илиевски и Звоимир Јанкуловски.

Комисијата за избор на судии при ПССЕ, претходно ги разгледа кандидатурите на сите тројца кандиати доставени од Република Македонија, на состанокот одржан на 29 и 30 септември 2016 година во Париз, каде имаше и разговори со кандидатите. Комисијата до останатите членови на ПССЕ, со тесно мнозинство од гласови предност и даде на Наташа Габер-Дамјановска, како најквалификуван кандидат предложен од Македонија, пред Јован Илиевски.

Третиот кандидат Звонимир Јанкуловски, не доби препорака од Комисијата на ПССЕ.

Гласањето за судиите е тајно и првиот круг ќе биде затворе во 17 часот, по што ќе се пребројуваат гласовите. Во случај никој од канидатите да не добие апсолутно мнозинство на гласовите, вториот круг е предвиден за во среда.

Би можело да ве интересира

ПССЕ: Во Македонија има бројните обвинувања за политизација на судството и корупција низ целиот јавен сектор

Горан Наумовски

Совет на Европа: Опсерваторија за учење историја за промовирање на нијансирано разбирање и критичко читање на минатото

А1он

ПССЕ: Функционирањето на демократските институции во С. Македонија е задоволително

Ана Ололовска

Совет на Европа: Бугарија и лани била нетолерантна кон етничките Македонци во земјата

Жарко Настоски

Комесарот за човекови права на Советот на Европа за положбата на непризнатото македонско малцинство во Бугарија

Ана Ололовска

ПССЕ: Северна Македонија постигна напредок во медиумските слободи, со внимание ќе се следи изборниот процес

Ана Ололовска