Во продажба нема увезено млеко со афлатоксини

Од:

Од увезените млека од Србија спорна е единствено одредена количина од производот “MOJA KRAVICA 2,8%MM“, со рок на траење до 14 август 2013.4EN 10, од производителот IMLEK Белград.

Ова го соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство на Македонија, чии инспектори по вчера добиеното официјалното известување од српската Управа за ветеринарство за повлекување од продавниците во Србија на повеќе видови млеко од различни производители, кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин М1 над дозволените граници, веднаш излегле на терен и започнале со контролите на продажните места и во магацините на увозниците.

Според Агенцијата, целокупната увезена количина се наоѓа во магацините на увозникот, што значи дека спорниот производ не е пуштен во промет.

– Инспекторите од Агенцијата зедоа мостри од наведениот производ со цел потврдување на резултатот, и со истиот ќе се постапува во зависност од лабораторискиот извештај, велат од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Во насока на информирање на јавноста, приложена е и листата на производи во Србија кај кои е утврдено зголемено присуство на афлатоксин.

Во исто време, како резултат на донесеното Решение за задолжително лабораториско испитување на млекото и млечните производи кои се увезуваат во Република Македонија, Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија информира дека утврдила зголемено присуство на афлатоксинот М1 во уште еден производ по потекло од Република Хрватска.

– Станува збор за производот “Млеко Дукат УХТ 2,8%ММ +7 витамини 1Л“, со рок на траење до 19.04.2013 година. Целата количина од овој производ (околу 2.000 литри), се наоѓа во магацинот на увозникот, односно воопшто не е пуштенa во промет и истиот, согласно законската процедура ќе биде уништен. Останатите производи од наведената пратка (вкупно 35) се исправни и тие ќе бидат пуштени слободно во промет, велта надлежните власти.

Агенцијата за храна и ветеринарство на Република Македонија продолжува будно да ги следи случувањата во делот на млекото и да презема соодветни мерки и активности за заштита на потрошувачите, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Нема веќе гарантирани цени, државата уште не го донела законот за контрола на трговците

Орце Костов

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ

На божиќна забава во Франција, 700 работници на „Ербас“ се затруени со храна

ЕК: Македонија e добро подготвена во делот на безбедноста на храната

АХВ: Трипуновски повторно лажно шири паника, млекото со афлатоксин се враќа во Србија