Во прилепската касарна одбележан денот на Артилерискиот баталјон

Од:

Со пригодна свеченост и изложба на оружјето, денеска во прилепската касарна „Мирче Ацев“ беше одбележан 10 април, денот на Артилерискиот баталјон при касарната.

Според бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски, командант на Првата механизирана пешадиска бригада при АРМ, артилерискиот басталјон е во состав на Артилериската единица на АРМ формирана 1992 година, по основањето на Македонската армија.

– Артилериската единица ги продолжува традициите на поранешниот Втор мешовит Артилеријски полк. 10 април е денот кога со указ на претседателот по осамостојувањето на Македонија и формирањео на АРМ е формирана Првата артилериска единица во АРМ. Со гордост може да констатирам дека Артилерискиот баталјон во прилепската касарна е една од најдобрите единици во составот на Првата механизирана пешадиска бригада. Бригадата бележи успеси и со прецизност демонстрира моќ, брзина и високопрофесионална работа. Задоволни сме и од соработката со локалната самоуправа и со населението. И натаму ќе ги градиме рејтингот и угледот на АРМ кај граѓаните, вели бригадниот генерал Мирче Ѓоргоски.

Полковник Ивица Цветковски, командант на Артилерискиот баталјон ја нагласи соработката со локалните власти.

– Денеска го прославуваме денот на артилерискиот баталјон, единица која ја претставува огнената моќ на Првата механизирана пешадиска бригада и горди сме што може да се пофалиме со тоа. Покрај армиските обврски, имаме голема соработка со локалната самоуправа и со градот Прилеп во целост што ги опфаќа јавниот и бизнис секторот, изјави полковник Ивица Цветковски

Единицата има сертификат за борбена способност за учество во НАТО мисиите. Инаку, приелпската касарна „Мирче Ацев“ е реактивирана во 2013 година по период од седум години неактивност.

На денешната пригодна свеченост во касарната присуствуваа градоначалниците од Прилепскиот регион.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена

Ревизорите открија: Судот во Прилеп работел сомнително