Во Прилеп во тек е полнењето на џиновската перница за во Гинис

Од:

Во моментов на плоштадот Методија Андонов- Ченто во Прилеп околу стотина работници на конфекцијата „Комфи Ангел“ почнаа да внесуваат 1850 мали перници од по три килограми во големиот клаф со големина од 320 м2 за да ја создадат најголемата перница во светот и да го урнат Гинисовиот рекорд.

Косопственикот на англиско-македонската компанија „Комфи Ангел“, Ирена Јакимоска изјави дека перницата ќе биде со димензии 17,9 м со 17,9 м и со тежина од над 5,5 тона и ова го става во контекст на привлекување на други странски инвестиции во општина Прилеп како подрачје за идно инвестирање. По нејзиното полнење, таа официјално ќе биде верификувана од претставник на организацијата Гинис.

Откако ќе биде изработена перницата на неа треба без проблем да легнат 600 луѓе, а полиестерот со кој ќе се полни перницата ќе биде соодветно рециклиран. Полнењето на перницата проследено е со музичка програма на Калиопи и на квартетот Пламенка Трајковска.

А.Ш.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он