Во Прилеп учебната 2014/2015 ја започнаа седум илјади основци

Од:

Во Прилеп новата учебна 2014/2015 година ја започнаа 7.000 основци во 11 основни училишта во општината и 3.500 средношколци во петте средношколски општински училишни центри.

– Се е во ред со училишните згради за почетокот на новата учебна година. Што се однесува до првоодделенците, во Прилеп нема ниту намалување, ниту зголемување на бројот на новозапишани првачиња и така е последните неколку години. Бројот на првачињата е 750. Преземени се и сите хигиенски мерки. Учениците на влезот си ги мијат рацете и се врши дезинфекција, вели Марјан Матракоски, советник за образование во локалната самоуправа.

Се очекува денеска да биде пуштен во употреба обновениот и комплетно уреден училишен двор на средното општинско медицинско и козметичко училиште „Ѓорче Петров“. За овој зафат од буџетот на локалната самоуправа се издвоен 1,5 милиони денари.

Би можело да ве интересира

Голем дефект на водоводна цевка ја поплави прилепската противпожарна единица

Јаневска: Напредувањата во звања мора да се темелат на квалитет

Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Заменик министерот за образование поднесе неотповиклива оставка

Горан Наумовски

Мицкоски: Mоите колеги кои ќе сакаат да градат академска кариера ќе треба малку повеќе да пишуваат научно-истражувачки трудови

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница