Во претпладневниот дел од „Титаник“ слушнати 46 разговори

Од:

Во Кривичниот суд дадена е пауза од час и половина за предметот „Титаник“ заради мајчинските обврски на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Во претпладневниот дел беа слушани околу 46 разговори меѓу поранешни функционери како што се Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска и Мартин Протуѓер.

Слушањето на „бомбите“ почна од вчера кога беа презентирани 15-тина разговори, а треба да се слушнат вкупно 1.063 аудио снимки. За седум од снимките ќе биде исклучена јавноста по барање на Специјалното јавно обвинителство бидејќи се работи за приватни разговори.

Вчера беше договорено рочиштата заради мајчинските обврски на поранешната министерка Гордана Јанкуловска да се одржуваат во периодот од 10 до 12 часот по што ќе следи пауза од еден час, потоа од 13 до 15 часот со пауза од еден час и од 16 до 18 часот.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески