Во пресрет на сезоната на пожари: 50 застарени возила на АРМ и МВР ќе се „маскираат“ во нови

Од:

Во пресрет на најавениот топлотен бран и зголемениот ризик од шумски пожари во текот на летниот период, повеќе од 50 возила кои се дел од застарената и магационирана опрема на Министерството за одбрана и Министерството за внатрешни работи ќе бидат пренаменети за гаснење шумски пожари.

Ова го потврди денеска премиерот Христијан Мицкоски, по свечено отворање на најновата инвестиција на производствените капацитети на компанијата „Реплек“. Нагласи дека возилата се подготвуваат во моментов и како што рече, многу скоро ќе биде изведена показна вежба за тоа како „од ништо е направено нешто“. Вели старите возила се модернизирани и на нив се инсталирани посебни резервоари за вода со различен волумен до шест тона.

– Дел од застарената и магационирана опрема, како што се БТФ70/80, старите хермалини и слично, кои што беа во магацините на Министерството за одбрана и МВР се модернизираа и обработија, им се инсталираа посебни резервоари за вода, се купија пумпи кои што работат на висок притисок и можат да пристапуваат на непристапни терени. Она што ни беше многу важно навечер кога, како што велат стручно, оганот спие да може да му пристапиме и угасиме за да не се распламти преку денот. Возилата се подготвуваат и многу скоро денеска ќе бидете сведоци на показна вежба, како од ништо направивме нешто. Очекувам 50-60 вакви возила да бидат подготвени со различно инсталиран волумен на вода до шест тона, така што очекувам да ги пречекаме пожарите подготвени, рече Мицкоски.

Оцени дека државата е далеку поподготвена да се справи со летните шумски пожари за разлика од изминатите години, посочувајќи ги хеликоптерите на Армијата и Министерството за внатрешни работи, како и Ер тракторите на Дирекцијата за заштита и спасување.

– Секаде за време на летниот период се случуваат пожари, но за разлика од изминатите години, оваа година сме многу поподготвени, пред сѐ тука мислам на армиските и полициските хеликоптери, авионите на Дирекцијата за заштита и спасување, два нив се тука го чекаме и третиот да пристигне, популарно наречените Ер трактори, рече Мицкоски.

За тоа колкава сума пари е одвоена за оваа пренамена на возилата, премиерот рече „многу малку и тоа е пред сѐ е работа завршена на волонтеристичка база и општествено одговорни компании, Буџетот не го чини воопшто“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

До 18 часот 28 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни

Ангелов: Мирисот на чад што го чувствуваат граѓаните на делови од Скопје е од пожарот во месноста Рамно

Горан Наумовски

Повторно се разгоре огнот во боровата шума над село Ногаевци, во Општина Градско