ВИДЕО: Во Преспанско езеро не може да опстане чудовиште

Од:

Во Преспанското езеро нема услови да живее никакво чудовиште вели за А1 Трајче Талевски биолог од Хидробиолошкиот завод во Охрид, кој долги години го проучува живиот свет во езерото.

Според него информациите дека таму живее некакво си чудовиште се вистинска бесмислица и ништо друго. Наместо пропаганда за развој на туризам, ваквите тврдења ќе предизвикат само антипропаганда вели Талевски.

„Ако постоело нешто такво ние ќе сме го констатирале. Конфигурацијата на дното, карактеристиките на водата и досегашната испитаност на езерото, ваквата можност за нешто такво ја сведуваат на нула. Тоа може да се нарече и анти пропаганда иако некои луѓе тоа го сметаат како пропаганда за привлекување на повеќе туристи кои би доаѓале да го очекуваат излегувањето на тоа чудовиште“, вели Талески


Талевски додава дека она што се појави на фотографијата е само добра фотомонтажа и ништо друго. Не станува збор ниту за сом ниту пак за некое друго животно.

„Не личи на сом. Ако е животински вид тогаш треба кога ќе излегува од длабината да остави некакви траги во облик на концентрични кругови. Ова имаше некакви сенки на сликата, но не е нешто што излегло од водата и да е со таква големина. Мислам дека вакви мистериозни работи Преспа не можела да ги криела до сега и сеуште да ги крие“, рече Талески.

Професорот Талевски вели дека не треба да преставува изненадување ако се потврдат некои докази дека Преспанското езеро е постаро и од Охридско чија старост се проценува од 3 до 5 милиони години

Се е можно. Овие простори кријат многу тајни. Има една теорија која одамна ја заговара професорот Караман дека според видовите на риби Преспанското е постаро од Охридското езеро поради што поголем број од Преспанските риби се ендемични што не е случај со охридските риби додава Талевски

Талевски вели дека Преспанско не е доволно истражено и затоа постојат сомнежи дека езерото во себе крие многу тајни и мистерии. Преспа и од Хидробиолошки институт но и од државата е ставена во втор план и како туристички центар и како центар за истражување вели професорот. И А1 деновиве беше во Преспа. Но не само што не забележавме ништо туку и жителите тврдеа дека станува збор за пропаганда на грчката страна или пак можеби за некој поголем сом кој го има во езерото, а кој може да достигне тежина и до 200 килограми.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Серија земјотреси го тресат преспанскиот регион

А1он

Силен земјотрес ноќеска ги вознемири граѓаните на Преспа

Орце Костов

Поради реконструкција на дистрибутивната мрежа, Ресен и Преспа утре 10 часа без струја

Локализиран пожарот во националниот парк „Преспа“

А1он

Голем пожар во националниот парк „Преспа“ кај Пустец

А1он

Македонски филмови, Љубојна и Слаткаристика овој викенд на „Преспаленд”

Ана Ололовска