Во Преспа викендот 10.000 туристи

Од:

Само последните три дена, за време на продолжениот викенд, преспанските плажи ги посетиле околу десет илјади лица. Туристичките работници се задоволни од бројноста на гостите. Шпицот на сезоната ги оправда нивните очекувања.

– Преполни беа плажите од Претор до Долно Дупени на источниот, и од Отешево до Стење на западниот брег, не само со гости од Македонија, туку и од соседните држави. Тоа зборува дека овој туристички регион заслужува внимание, велат тур-операторите.

Причини за одличната посетеност, додаваат, се средените плажи, ниските цени, културното лето, но и вложувањата на новите концесионери во Претор и Крани.

Сепак сметаат дека на Преспа и недостигаат сместувачки капацитети иако нив, во мала мера, ги заменуваат објектите од алтернативниот туризам кои секоја година привлекуваат повеќе гости, посебно странски туристи.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ