Дваесет и шест стари, болни и изнемоштени лица денеска го остваруваат правото на глас за референдумот во општина Ресен.
Претседателот на Општинската изборна комисија Кирил Тански информира дека се е подготвено за референдумот утре и оти 16.760 жители на Преспа ќе имаат можност да гласаат на 50 избирачки места.
– Се е подготвено за утрешното гласање и избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот. Во моментот вршиме примопредавање на материјалот, изјави Тански за МИА.