Во празна судница, судијата Осман Шабани ја изрече пресудата, дека обвинетиот пратеник и поранешен директор на ЈСП, Игор Јанушев е осуден на двегодишна затворска казна која е условна и ќе ја издржи ако во рок од пет години стори друго кривично дело. На пресудата не дојдоа ниту обвинителката Лиле Стефанова, ниту Јанушев и неговите адвокати.
„Обвинетиот Игор Јанушев виноевн е дека Осудениот Миле Јанакиески, и двајцата членови од Комисијата за јавна набавка за двокатните автобуси заедно со Игор Јанушев при вршење на јавна набавка за економскиот оператор Јутон од Кина прибавиле корист за набавка на двокатните автобуси на начин што постапувајќи по јавниот оглас за набавка на 202 новопроизбедени нови автобуси, 200 од затворен и 2 од отворен тип, осудените и обвинетиот Игор Јанушев во говорот со осудениот Миле Јанакиески како министер за транспорт и врски постапиле спротивно на Законот за јавни набавки иако Јутон не доставил гаранција заедно со документацијата и не доставил сертификат ИСО како што се барало во документација, туку ИСО сертификат кој не бил во согласност, а Комисијата не ја одбила набавката. Како валидна ја прифатиле копијата од банкарска гаранција од 9.02.2010 година која била доставена после рокот, иако како Комисија не побарале дозвола. Откако ја исклучиле фирмата од Бугарија, иако била за над 2 милиони денари поевтина од понудата на Јутон, тие ја избрале понудата Јутон. Јанакиески не ја поништил набавката иако бил должен да го стори тоа и склучил договор со Јутон за купопродажба на новопроизведени автобуси“, кажа судијата Осман Шабани.
Јанушев, заедно со уште две лица кои заедно со него биле дел од Комисијата за јавна набавка и ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески беа обвинети за набавка на кинеските двокатни автобуси во 2010 година, за делото „Злоупотреба на службената положба и овластување“.
Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција ги гонеше дека во спроведувањето на јавната набавка за 200 двокатни автобуси со тоа што фаворизирале кинеска компанија која немала доставено банкарска гаранција за понудата и сертификат за квалитет. Комисијата за јавни набавки наместо да ја отфрли понудата како некомплетна, продолжила со постапката и ја избрала кинеската понуда, иако имало понуда од бугарска фирма, која била за 4,77 милиони евра пониска.
За овој предмет, Јанакиески и двете лица вклучени во набавката признаа вина и беа осудени на условна казна од две години затвор ако во следните пет години не сторат ново кривично дело.