Во понеделник во Македонија ден на жалост поради загинувањето на припадниците на МВР

Од:

Поради трагичната хелихоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на Министерството за внатршени работи, Владата одлучи понеделник, 14-ти јули да го прогласи за ден на жалост.

– Во врска со трагичната хеликоптерска несреќа во која животот го загубија четворица припадници на МВР, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ, Тоде Орешков и Иљо Лопатички, Владата на Република Македонија на денешната седница одлучи понеделник 14 јули да биде прогласен за ден на жалост на целата територија на Република Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи