Во понеделник седница на Советот на Валандово за референдум за Казандол

Од:

Претседателот на Советот на општина Валандово, Јасминка Сечкова, закажа седница на Советот на која единствена точка ќе биде граѓанското барање поткрепено со повеќе од 2.000 потписи за одржување референдум на којшто граѓаните би се изјасниле дали се за или против продолжување со работа на рудникот за бакар „Казандол“ и за или против отворање рудници за металични суровини на територијата на општина Валандово.

Одржување на седницата на Советот со оваа точка на дневен ред бараа шест советници и членовите на граѓанската иницијатива „За спас на Валандово“.

– После толку јавни протести и блокади на патиштата, успеавме да издејствуваме седница на Советот. Апелираме до сите советници да гласаат во интерес на граѓаните, нивните соседи и нивните најмили и очекуваме од нив едногласна одлука за одржување референдум на кој ќе биде изразена волјата на граѓаните, рекоа активистите на ,,Спас за Валандово“.

Би можело да ве интересира

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

Орце Костов

Приведен маж кој се самозадоволувал на селски пат

Битиќи и Лукаревска на Бизнис форум во Валандово: Заедно се справуваме со предизвиците

А1он

(ВИДЕО) Заев: Костадинов е првиот потврден кандидат за градоначалник од СДСМ за Валандово

Мери Јордановска