На 3 и 4 април (понеделник и вторник) од 9 часот до завршување на интервенцијата, можно е да има мали прекини во водоснабдувањето на корисниците од дел од населбата Водно, општина Центар, соопштија од РЦУК.
Прекините се можни поради тоа што ќе се чисти и хлорира резервоарот Барутана 2 во оваа населба.